Коронавирусот го „покосил“ португалскиот гигант Бенфика, пренесуваат тамошните медиуми.
На последниот тест, дури 17 членови на клубот биле позитивни на коронавирус.
Ова веднаш предизвика аларм во тимот од Лисабон, а под знак прашалник се следните првенствени натпревари против Национал на 24 јануари, дербито против Спортинг на 31 јануари, утрешниот дуел против Брага во Лига купот и натпреварот во Купот на Португалија против Белененсес на 28 јануари.
Конечната одлука за оваа ситуација ќе ја донесе Општото здравство на Португалија. Постои можност за нови тестови на играчи и членови на Бенфика, а во случај новите тестови да бидат позитивни, клубот ќе мора да биде изолиран 14 дена, што би бил дополнителен проблем во тековната сезона, каде што распоредот е многу густ поради целата ситуација предизвикана од коронавирус.
Покрај споменатите три натпревари на домашен терен, Бенфика ќе се соочи во шеснаесетфиналето во Лигата на Европа против Арсенал на 18 и 25 февруари, а пред тоа првенствените натпревари против Гимараеш, Фамалика, Фаренсе и Мориеренс, што значи дека „орлите“ треба да играат рамномерно десет натпревари.