Проблеми за Аталанта пред дуелот против Лацио.
Тестовите на Ковид-19 покажаа позитивни резултати за Кристијано Ромеро.
Ромеро ги повтори наодите и по 24 часа беше негативен, но според прописите на Серија А, ќе мора да биде изолиран десет дена.
Фудбалерите на Аталанта исто така ги повторија наодите и 24 часа пред дуелот со Лацио останаа негативни, додека Ромеро ќе ги пропушти следните два натпревари на тимот од Бергамо, но и десет дена од тренажниот процес, што може да биде поголем проблем.
Дуелот со Лацио е закажан за утре со почеток во 15 часот.