Бразилската sвезда Роналдињо останува во затвор поради тоа што не обезбеди докази за ослободување од обвинението.
Легендарниот фудбалер беше уапсен пред две недели во Асунсион кога се обиде да влезе во Парагвај со лажен пасош, заедно со неговиот брат Роберто.
Последната шанса за ослободување не успеа, откако Далија Лопез, жената која го организираше нивното пристигнување во Парагвај, не успеа да се појави на суд.
Нејзиното сведочење и доказите беа клучни за ослободување на Роналдињо од затвор, но таа го испушти рочиштето заради коронавирусот, односно затоа што таа е во ризична група.
Лопез има дијабетес тип два и е принудена да остане во изолација додека не помине пандемијата на коронавирус, што значи дека Роналдињо ќе остане зад решетки.
Роналдињо би можел да ги помине следните шест месеци во затвор.