Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше за моменталната состојба поради коронавирусот. Бројот еден на „Редсите“ смета дека во ваквите моменти за фудбалот веќе не може да се зборува, бидејќи здравјето е пред сè.
„Доаѓа одреден момент кога сфаќате дека има работи поважни од фудбалот. За среќа, моите играчи се здрави во моментот“.
„Што и да се одлучи, ние ќе го почитуваме тоа, како да играме без навивачи кога натпреварите се откажани“, рече Клоп