Фудбалерот на Милан, Тео Хернандез е позитивен на коронавирус, објави денеска италијанскиот клуб.
-Милан објавува дека Хернандез, кој се врати од репрезентацијата, беше позитивен. Информирани се надлежните локални здравствени власти и играчот се чувствува добро, се вели во соопштението.
Францускиот лев бек играше за националниот тим на завршниот турнир во Лигата на нации, кој се одржа во Италија, каде го постигна решавачкиот гол во полуфиналето против Белгија (3: 2).
Неговиот сонародник од средниот ред Адријан Рабио (Јувентус) беше позитивен на корона вирусот по натпреварот против Белгија.
Хернандез постигна еден гол за Милан оваа сезона со три асистенции, на девет натпревари.