Хајдук го одложи денешниот првенствен натпревар против Славен Белупо поради голем број заразени фудбалери.
Од клубот денес потврдија дека имаат 13 новозаразени, па сега се на бројка од 20 позитивни.
Дури 12 фудбалери, осум члена на стручниот штаб, беа заразени, додека другите останаа во самоизолација.
„12 играчи и осум членови на персоналот се заразени, а остатокот од тимот е во пропишаната самоизолација. Клубот, во согласност со новите случувања, ќе побара од комесарот за натпреварување Јосип Брезни да го одложи дербито со Динамо, кое е закажано за недела, 21 февруари, ХНК Хајдук ќе изврши засилен надзор во наредните денови и внимателно ќе ја следи состојбата во клубот со цел да ги заштити сите играчи и вработени, а беа преземени дополнителни мерки за заштита. Од срце им псакуваме на сите заразени добро здравје и брзо и успешно закрепнување “, објави Хајдук.
Тие скоро сигурно нема да го играат големо дерби со Динамо следниот викенд.