Себ Луис (38), познат во Англија како пример за страствен и оригинален навивач, го загуби животот поради Коронавирусот.
Горчливата вест ја објави клубот Чарлтон, чии домашни и гостински натпревари секогаш беа пратени од Луис, од 1998 година се до денес.
Познатиот навивач покажа симптоми на 16 март и по хоспитализација неговата состојба се влоши во последните два дена, сè додека не ја загуби битката со смртоносниот вирус.
„Ние сме уништени од оваа вест, тој беше душата и срцето на големото семејство на Чарлтон. Ние сме горди на фактот дека тој никогаш не пропуштил натпревар од февруари 1998 година до денес, секогаш ќе го носиме во нашите срца“, изјавија од клубот.
