ФУДБАЛ

Коронавирусот завршува една голема и богата кариера?

Тој дојде во Милан со надеж дека ќе игра до летото 2021 година, но се чини дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја заврши својата кариера порано.

Според „Gazzetta dello Sport“, Ибрахимовиќ би можел да се повлече од активниот фудбал на крајот на тековната сезона и еден од виновниците е пандемијата на коронавирус, која откажа многу спортски настани, а со тоа дојде и до одложување на Европското првенство за наредната година и дополнително откажување на најсилните првенства во Европа.

Швеѓанецот дојде во јануари и потпиша шестмесечен договор со можност за продолжување на уште една година, но работите во Милано, како во клубот, така и во градот, се далеку од идеални и нормални.

Иако Ибра планираше да игра до следното лето, сега се повеќе е сигурно дека тој ќе го објави крајот на својата богата кариера ова лето.

Во Малме, каде ги презеде првите чекори во професионалниот фудбал, Ибра одигра три сезони, постигнувајќи 18 голови на 47 настапи. Тој одигра две сезони во Јувентус каде постигна 92 голови на 92 настапи. Потоа се префрли во Интер во 2006 година, каде успеа да постигне 66 голови во текот на 117 сезони.

Една година пред Интер да испише историјата и да освои тројна круна, Ибрахимовиќ отпатува за Барселона, а потоа во 2009 година, каде веднаш наиде на проблеми со Пеп Гвардиола, што го чинеше заминување од „Камп Ноу“, се врати во Милано, но овој пат да се носи дрес на „росонерите“.

Ибра го носеше и дресот на Манчестер Јунајтед во кој забележа 53 настапи, постигна 29 гола и освои три трофеи со Жозе Мурињо во една и пол сезона. Потоа се пресели во Соединетите држави во ЛА Галакси каде што направи 58 настапи и постигна 53 голови, а потоа се врати во Серија А, во Милан, каде сега размислува за пензионирање.

ПОВРЗАНО

Серија А