КОШАРКА

Кошаркар на Химки постигна кош со глава! (Видео)

Кошаркарот од редовите од Химки, Џордан Мики вчера сосема случајно постигна еден од најсмешните поени во историјата на кошарката, ако не и најсмешен.

Американецот не ни гледаше во топката, кога еден негов соиграч испрати топка кон него, таа заврши кај него во глава и влезе во кошот.