Како што пишуваат каталонските медиуми, Барселона ќе се обиде да го ангажира Пау Гасол откако го раскина договорот со Портланд.
Тој во моменов се опоравува од повредата на левото стопало, а веќе изјави дека би сакал да го носи дресот на Шпанија на Олимписките игри во 2020 година.
Барселона е подготвена да му пружи место и простор во ростерот. Токму во овој клуб Гасол ја почна кариерата во 1998 година. Има 1226 натпревари во НБА лигата, има 39 години и се уште е во добра форма.