ФУДБАЛ

Кошмарен натпревар – три автогола за половина час (ВИДЕО)

Сите барем еднаш во животот сме кажале: „Денес не е мој ден“. И навистина, има денови кога е подобро да не станете од кревет.

Тоа најдобро на своја кожа го почувствува Меикаила Мур, фудбалерка од Нов Зеланд, која во 35 минути од дуелот со САД почувствува хет-трик на автоголови, по што беше заменета во 40. минута.

Таа во петтата минута сакајќи да ја избие топката, таа ја смести во мрежата, минута подоцна топката ја удри во градите и се одби во голот, а во 35. минута нов обид да ја исфрли топката од игра, но во тоа беше неуспешна.

Кошмарниот натпревар на „SheBelives“, расплаканата играчка на Ливерпул го заврши во 40. минута кога беше заменета.

На крајот Американките славеа со резултат 5:0.