ФУДБАЛ

Коста пред тешка казна поради пцуењето на судијата Мансано

Однесувањето на Диего Коста за времена мечот против Барселона може да го чини скапо. Напаѓачот на Атлетико Мадрид му се заканува казна до 8 натпревари поради вулгарни зборови спрема судијата и по протерувањето со црвен картон за време на дербито на Примера минатиов викенд.

Главниот арбитар Хил Мансано во својот извештај внесе дека Коста ја навредувал неговата мајка! Покрај тоа, судијата опишал дека фудбалерот му ја влечел раката при обидот да покаже жолти картони на двајца од неговите соиграчи.

Минималната санкција за тоа е две средби, но поверојатно е таа да биде значително зголемена и поради минатите скандали на играчот. Како што е познато, тој постојано се вмешува во конфликти со судиите и конкурентните фудбалери.

Дисциплинската комисија на Шпанската кралска федерација ќе се состане во среда да разговара за прашањето. До крајот на сезоната во Ла Лига има седум круга.

ПОВРЗАНО

Ла Лига