ФУДБАЛ

Косово и даде 4 голови на Словачка и закажа финале со Турција

Селекцијата на нашиот сосед Косово направи историски подвиг со пласман во финалето во плеј офот за СП, каде во вторнил ќе игра против Турција.

Како гости вечерва славеа со 4:3 против селекцијата на Словачка. Два пати Косово се враќаше од негатива, губеше со 1:0, па со 2:1, а потоа направи пресврт и поведе со 4:2, па до крајот Словачка само успеа да го ублажи поразот на 4:3.