Вечерва беа одиграни шест натпревари од третото коло во Лигата на Нации на УЕФА во кои не беше забележан нерешен резултат. Седмиот натпревар се играше нешто подоцна во кој Русија ја пречека Шведска.
Победата на Косово над Малта го зацврсти нашиот северен сосед на првото место на табелата во групата Д3. Меѓутоа Косово ќе биде следен од Азербејџан кој обезбеди триумф на гости кај Фарски Острови, и сега разликата меѓу овие две селекции е само два бода.
Србија триумфално се врати од Подгорица кај Црна Гора со 0:2, додека Израел со пресврт ја порази Шкотска како домаќин. Романија со гол во последните мигови обезбеди триумф над Литванија со 1:2.
Во дербито на денот, Полска иако водеше, на крајот беше поразена од Португалија со 3:2 на домашен терен.
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А: Полска – Португалија 2:3
ЛИГА Ц: Ц. Гора – Србија 0:2, Израел – Шкотска 2:1, Литванија – Романија 1:2
ЛИГА Д: Ф. Острови – Азербејџан 0:3, Косово – Малта 3:1
Извор: ТВ21