Попладнево беа извлечени групи за квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022 година. Интересна вест објави шпанска „Марка“ во претставувањето на противниците на Шпанија. Имено, Косово е во таа група заедно со уште три репрезентации на држави кои се уште не ја признале независноста на нашиот сосед. Тоа се Шпанија, Грција и Грузија. Единствено од оваа група независноста на Косово ја има признаено Шведска.