Во интервју за бразилскиот „ЕСПН“, Диего Коста зборуваше и за тоа како се лекувал во Белград во 2014 година од страна на д-р Маријана Ковачевиќ.
Коста се повреди пред финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, побара спас од познатата докторка од Белград.
“Се каам дека го прифатив методот на непроверено лекување и отидов кај таа докторка. Имаше разни приказни за тој третман коњска плацента, но таму имаше многу лаги. Вистина е дека отидов на овие терапии, а докторот испуши две цигари додека бев на електро шок. Имав два третмани по два часа на секој. Пред тоа, имав болки во мускулите но подоцна не чувствував болка “, рече Коста, додавајќи:
“Тогаш се случи еден од најтажните моменти од мојата кариера. Пред да истрчам на теренот во финалето на ЛШ, почувствував грчеви кога скокнав. Се обидов да играм, но не можев. Подобро ќе беше да не пробав или да одам на терапија, затоа што тоа би оставило простор на некој соиграч“.