ФУДБАЛ

Коста се огласи по инцидентот: Сакам да им се извинам на сите…

Бразилецот Даглас Коста вчера го шокираше фудбалскиот свет, откако пред крајот на натпреварот плукна на противничкиот играч и доби директен црвен картон.

Коста сега се соочува со најверојатни три суспендирани натпревари, а можеби и повеќе, по натпреварот тој одлучи да им се извини на сите.

“Сакам да им се извинам на сите фанови на Јувентус поради претераната реакција што ја покажав во текот на денешниот натпреварот. Исто так им се извинувам на своите соиграчи кои се на моја страна во добри и во лоши ситуации. Тоа беше лошо, се извинувам на сите за тоа”, напишал Коста на Инстаграм и додаде:

“Сакам да кажам дека ова однесување нема никаква врска со она што го покажав за време на мојата кариера”.

На ова додаваме дека тренерот на Јувентус, Аллегри, потврди дека Бразилецот ќе биде казнет за неговата реакција.