Денеска со ждрепка во Нион, македонскиот женски фудбалски клуб Драгон 2014 ги дозна противниците во квалификациите за Лигата на шампионите.
Првакот на нашата земја се најде во квалификациската група 1 заедно со СФК 2000, тимот од Босна и Херцеговина кој е домаќин на турнирот, потоа Бреидаблик (Исланд) и АСА Тел Авив (Израел).
Според најавите на европската куќа на фудбалот (УЕФА), натпреварите ќе се играат во периодот од 7-13 август 2019 год.
Како што известуваат од клубот, познат е само босанскиот претставник, а засега нема доволно информации за останатите два ривали.
Извор: Слободен печат | Коминовски Фидан