Каталонскиот гигант Барселона ќе игра со навистина фантастичен дрес следната сезона.
Појавувањето на новиот дрес на Барселона за следната сезона се појави во јавноста, а судејќи според фотографиите кои ’протекоа’, дресот е навистина фантастичен.
Најк се потруди да создаде дрес кој во минатото беше признат за каталонскиот гигант. Наместо коцки има црвени и сини ленти, а има и одредени нијанси на жолто – златно.

Вториот дрес на Барселона ќе биде целосно црн со златни детали, а третата варијанта ќе биде розова со зелени детали.
