ФУДБАЛ

Ковач останува тренер на Баерн, за неговата судбина зависи од два натпревари

Баерн претрпе вистинска гостинска катастрофа вчера кај Ајнтрахт, беа поразени со резултат 5:1.

Баварците на тој начин ја продолжија својата лоша низа во Бундеслигата, каде остварија една победа на последните четири натпревари, па токму затоа сега заостануваат четири бода зад водечката Борусија Менхенгладбах.

Веднаш по поразот од Ајнтрахт започнаа шпекулациите дека Ковач би можел да биде отпуштен, но според последните информации, се чини дека тоа нема да се случи.

Медиумите во Германија пишуваат дека хрватскиот стручњак ја стекнал довербата на раководството, но за неговата судбина ќе одлучуваат натпреварите против Олимпијакос во Лигата на шампионите и Борусија Дортмунд во првенството.

Победата против грчкиот тим е многу поверојатна од мечот против Милионерите, а доколку Баерн загуби од Борусија во дербито, тоа дефинитивно ќе значи дека Ковач може да ги спакува куферите и да го напушти баварскиот клуб.

ПОВРЗАНО

Бундеслига