Поранешниот тренер на Баерн, Нико Ковач, би можел да го преземе новиот клуб во наредните неколку дена.
Многу се зборува за Ковач, откако доби отказ од германскиот гигант. Тој се поврзуваше со Херта, со Вест Хем, но и до ден денес тој е без ангажман.
Но, според најновите информации, тоа би можело да се промени во следните неколку дена, со оглед на тоа што за Ковач е заинтересиран и турскиот Фенербахче, кој оваа сезона не игра баш најдобро.
„Сабах“, наведува дека Ковач е на списокот со желби на клупските лидери, а покрај него, се споменуваат и Ерол Булут, кој го води Аланиаспор, како и Бруно Лабадија, чии шанси, од друга страна, не се премногу големи.
Дали Ковач ќе биде оној што ќе се обиде да му обезебеди на Фенербахче едно од првите четири места во финалето на сезоната, за да игра на европските натпреварувања останува да се види.
Потсетете се дека во својата тренерска кариера, Ковач го водеше и Ајнтрахт, јуниорска и сениорска репрезентација на Хрватска, како и помладите возрасти на Ред Бул Салцбург.