ФУДБАЛ

Ковачиќ излегол од теренот речиси целосно гол, реакцијата на девојката и луѓето покрај теренот го обиколува светот

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ (28) привлече големо внимание по натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Играчот од средниот ред на Плавите од Лондон речиси целосно гол излетал од теренот, а изразот на лицето на девојката и организацискиот одбор доволно говори.

Челзи и Манчестер Јунајтед ремизираа (1:1) во дербито од 12. коло на Премиер лигата на „Олд Трафорд“. Домашните поведоа во 87. минута преку Жоржињо од пенал, а Касемиро израмни со гол во четвртата минута од судиското надополнување.

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ привлече големо внимание на крајот од натпреварот. Тој остана без опремата која им ја подари на навивачите и само во долна облека излета од теренот.

Заминувањето на хрватскиот фудбалер од теренот им беше интересно на луѓето од Челзи. Ова особено се однесува на девојката од организацискиот одбор која се смееше на се.

И машките колеги не беа имуни. Сето тоа им било интересно и сите го испраќале со широка насмевка на лицата.

На овој меч шанса за настап доби Матео Ковачиќ во 36. минута наместо Марко Кукурела. Тој одигра многу добар натпревар.

Да потсетиме, ова е петта година за Ковачиќ во тимот на Челзи. Тој пристигна во клубот во 2018 година од Реал Мадрид на позајмица, а „сините“ потоа го откупија неговиот договор.

Брилијантниот играч за врска одигра вкупно 195 натпревари за тимот од Стемфорд Бриџ и постигна четири гола.

Овој 28-годишен играч за врска во својата кариера, покрај за Челзи и Реал Мадрид, настапуваше и за Интер и Динамо Загреб.

Ковачиќ со години е стандарден хрватски репрезентативец. За Хрватска играше 83 пати и постигна три гола.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига