Баерн вчера беше поразен од Борусија Дортмунд со 3:2 и во моментов се наоѓаат на минус седум негатива во споредба со нивниот ривал.
Уште еднаш, се виде дека работите во Баерн не се најдобри, а оние минус седум не се премногу загрижувачки за тренерот Нико Коваќ, кој верува дека сè е можно во фудбалот.
„Игравме одлично прво полувреме. Во второто, два пати нè изненадиа од контра. Тоа не требаше да се случи, требаше да останеме покомпактни“, рече Коваќ веднаш по натпреварот, додавајќи:
„Мислам дека гледавме фантастична игра, во првата половина имавме се во наши раце, а потоа се опуштивме, тоа не требаше да се случи“, рече Коваќ.
На новинарска констатација дека милионерите сега имаат седум поени предност, Коваќ рече:
„Седум поени изгледаат многу, но во фудбалот сè е можно“.