Според италијанските медиуми, центарфорот на Наполи, Виктор Осимен е најголемата желба на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок. Осимоен треба да го замени Кристијано Роналдо, кому не му оди најдобро откако се врати на „Олд Трафорд“.
Сигурни извори од Италија пренесуваат дека Јунајтед и Наполи веќе започнале преговори околу трансферот на смртоносниот Нигериец, а директорот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис за својот напаѓач сака околу 100 милиони евра.
Покрај Јунајтед, во игра за потписот на Осимена е и Реал Мадрид, но за „кралскиот“ клуб тој не е прв избор, туку алтернатива за Ерлинг Халанд.
Осимоен оваа сезона постигна 11 гола на 22 натпревари, иако беше надвор од терените повеќе од два месеци поради повреда на јаболчната коска.
Останува да видиме дали доаѓањето на Осимоен би значело и заминување на Кристијано Роналдо од Јунајтед, се чини реално, бидејќи и двајцата играат на иста позиција, а јасно е дека не би биле задоволни ниту со клупата за резервни играчи.