Според „Sky Sports“, Пол Погба можеби нема да игра повторно оваа година.
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед заработи повреда на бутот на еден од тренинзите на француската репрезентација, а ќе го пропушти следниот натпревар на Триколорите во квалификациите за Светското првенство против Финска.
Сепак, проблемот за Погба е многу поголем, бидејќи се чини дека ќе паузира до крајот на годината.
Сега се очекува Погба да се врати во клубот за детални прегледи, меѓутоа, според „Sky Sports“, и играчот и Манчестер Јунајтед стравуваат дека искусниот играч од средниот ред би можел да отпадне до крајот на годината.
Поради суспензијата дефинитивно го пропушта натпреварот против Ватфорд, но и дербито со Ливерпул на 24 ноември, како и важните натпревари во остатокот од групната фаза од Лигата на шампионите.
Отсуството на Погба ќе биде дополнителен удар за Јунајтед кој и онака е во резултатска криза.