Барселона не сака да го купи договорот на Кевин-Принс Боатенг, па не му преостанува ништо друго освен да се врати во Сасуоло.
Триесет и двегодишниот Ганац имаше големо влијание во Серија А со пет гола на 15 натпревари, но преселбата во Барселона не беше најдобриот потег.
Тој се приклучи на каталонците во јануари, но одигра само 123 минути во шампионатот во Шпанија, а Ернесто Валверде не смета на него.
Барса оттука ја отфрли можноста за активирање на клаузула за да може да го откупи неговиот договор, па Боатенг мора да се врати во Сасуоло.
Останува да се види дали Боатенг ќе игра во Сасуоло следната сезона или ќе најде нов тим.
Тој играше за Тотенхем, Борусија Дортмунд, Џенова, Милан, Ајнтрахт Франкфурт и Лас Палмас.