Кристијано Роналдо и Лионел Меси се простија од учеството во Лигата на шампионите.
Јувентус и Барселона не можеа да одат подалеку од осминафиналето во најелитното европско натпреварување и ова е првпат по 16 години Меси и Роналдо да не играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Последен пат ова се случи во сезоната 2004/2005. Кристијано Роналдо во тој период играше за Манчестер јунајтед, а „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од Милан во осминафиналето на два меча со 1:0.
https://youtu.be/ryZm6UQjC1A
Роналдо ги одигра двата меча. На „Олд Трафорд“ Росоњерите славеа со 1-0. Голот го постигна Хернан Креспо, а Роналдо беше заменет со Руд ван Нистелрој во 62-та минута. Тој ги одигра сите 90 минути на Сан Сиро, а единствениот погодок повторно го постигна Хернан Креспо.
https://youtu.be/ZmV6SrAG6Hc
Секако е интересно што од сите играчи кои играа на овие натпревари, сè уште е активен само поранешниот голман на Јунајтед, Рој Керол, кој на 43 години игра во аматерската лига за Данганон Свифтс.
Од друга страна, во истата сезона Барселона беше елиминирана од Челзи.
Лионел Меси не беше во сериозни планови со Франк Ријкард таа сезона. Таа сезона тој одигра само еден натпревар во Лигата на шампионите, но се смета дека тој бил дел од тимот затоа што бил регистриран за натпревари.
Барса го доби првиот натпревар на Камп Ноу со 2:1. Меси не беше во конкуренција, ниту на реваншот на Стемфорд Бриџ, каде Челзи славеше со 4:2.
Од играчите кои играле во тоа време, само Макси Лопез и Андрес Иниеста се уште се активни, додека сите други претежно ја завршија својата кариера пред неколку години.