Премиерот на Холандија, Марк Руте, денес потврди дека фудбалските активности се забранети до 1-ви септември.
Холанѓаните, како и скоро цела Европа, се борат со коронавирусот и воведени се различни мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата. Не постои спорт во Холандија со недели, и очигледно нема да има барем уште неколку месеци.
На вечерашната прес-конференција, Руте им рече на новинарите дека холандскиот фудбал ќе биде суспендиран до 1 септември. Првично, забраната беше за период до 1 јуни, па беше продолжена за уште три месеци.
Ова во суштина значи дека сезоната на Холандија нема да заврши, бидејќи новата европска фудбалска сезона започнува на почетокот на септември.
Холандската фудбалска федерација сега е на потег, но ако се погледне од сегашниот пласман, Ајакс повторно ќе биде шампион.