ФУДБАЛ

Крај на уште една ера: Ливерпул го менува името на иконскиот Енфилд

Ливерпул наскоро треба да почне со работа на „Енфилд“ бидејќи сака да го прошири стадионот и конечно да го реновира.

 

Овој стадион е еден од најлегендарните во светот на фудбалот и поради тоа е јасно зошто навивачите на „црвените“ не сакаат клубот да изгради нов туку да го реновира „Енфилд“.

 

Наскоро треба да започне реновирањето на култниот стадион и се очекува да добие нови 7.000 седишта. Работите ќе чинат околу 80 милиони фунти и се планира се да биде завршено до почетокот на следната сезона.

Јасно е дека реновирањето на Енфилд нема да биде многу евтино и во Ливерпул прават се за да ги обезбедат парите за што поскоро да почнат работите, а како што стојат работите опција е и промена на името на стадионот.

Ливерпул би можел да го стори истото како што направи Барселона пред неколку месеци, која ги продаде правата за името на стадионот на спонзор и заработи огромна сума пари од тоа.

 

Наводно, Ливерпул сериозно размислува да го направи тоа и веќе има неколку понуди од спонзори кои сакаат стадионот на англискиот клуб во иднина да го носи нивното име.

 

Иако навивачите се експресно против тоа и не сакаат клубот да подлегне на притисокот и да го смени името на култниот стадион, јасно е дека тоа стана секојдневие во модерниот фудбал и дека очигледно едноставно не може да се избегне, со оглед на дека клубот на тој начин собира огромни суми пари.

 

Енфилд е дом на Ливерпул од 1892 година и јасно е зошто навивачите не се многу „загреани“ за промена на името на легендарниот стадион.