ФУДБАЛ

Крај за Алексис Санчез на Олд Трафорд?

Чилеанецот Алексис Санчез не го оправда епитетот засилување на Манчестер Јунајтед.

Алексис на Олд Трафорд пристигна на почетокот на 2018 година од Арсенал, но не игра како што се очекуваше од него.

Дури и оваа сезона чилеанскиот напаѓач игра многу лошо и наводно размислува да го напушти Театарот на соништата, па неговите денови во англискиот гигант може да бидат броени.

“Дејли мејл” тврди дека неговиот агент веќе го истражува пазарот и бара заинтересирани клубови, но со оглед дека неговата плата е огромна, тешко дека некој ќе му понуди услови како што ги има во Јунајтед.

Исто така, фактот дека има уште четири години договорот со клубот дополнително ја комплицира можноста за лесно заминување во јануари, но во светот на фудбалот е сè е можно.

Оваа сезона, Алексис постигна само еден гол во седум настапи, а вкупно постигна четири гола во 25 натпревари за девет месеци.