Кошаркарите на Панатинаикос по цели 13 години повторно го освоија европскиот кошаркарски врв, триумфирајќи во финалето на Ф4 турнирот од Евролигата против Реал Мадрид со 80-95.
Најдобар поединец на натпреварот беше Костас Слукас со 24 поени, а три помалку имаше Кендрик Нан. За Реал Мадрид прв поентер беше Муса со 15 поени.
За Панатинаикос ова е седма европска титула, а последен пат дојде до ваков успех во 2011 година.
МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои четвртата титула во Евролигата, две титули има со Олимпијакос, една со Фенербахче.
