„Кристијано Роналдо никогаш не ме доби во воздухот“, се шегуваше еднаш Бруно Алвеш, но тој беше во право. Португалецот во моментов е рекордер по бројот на остварени воздушни дуели.
Дефанзивецот на Парма има 38 години, но тоа не го спречи да биде најдобриот во воздушните дуели, да ги добие дури 78,4 проценти, надминувајќи го и Виргил ван Дајк.
Стоперот на Ливерпул, чија вредност се проценува на 100 милиони евра, има 74,9 проценти успешни воздушни дуели.
Трет на списокот е Грант Ханли од Норвич со 70,1 процент, а четврти е дефанзивецот на Лацио Франческо Акерби со исто така 70,1 проценти, додека капитенот на Барнли Џејмс Траковски завршува со 69,6 проценти освоени воздушни дуели.