Поранешниот англиски напаѓач Питер Крауч знае да одушеви со своите изјави, па така беше и овој пат.
Крауч, признава дека секогаш се восхитувал на бразилскиот напаѓач Роналдо и во една прилика го видел во живо. Помисли дека легендарниот напаѓач ќе го препознае, но се излажа.
Неговата желба беше да направи селфи со Роналдо, кој тогаш беше во друштво на една манакенка.
„Имав можност на годишен одмор на Ибица каде го видов Роналдо. Тој беше зафатен со пиење на шишиња пиво, додека на стомакот имаше пепелник. Секој пат кога ќе го завршеше пивото, девојката која беше со него ќе му донесеше ново шише. Мислев. тука е вистинска можност за нас да се фотографираме. Му пријдов, се надевав дека тој ќе рече: „О, ти си Крауч“, но тој не знаеше кој сум јас“, изјави Крауч.
Тогаш Роналдо беше „соиграчот на соништата“ на Краучо, но тоа никогаш не се оствари.
„Денис Бергкамп беше посебен и би било неверојатно да играм заедно со него, но мојот неодолив избор би бил оригиналниот Роналдо“.
„Не сум сигурен дека нашите стилови ќе одговараат, но 90 минути со него ќе го направат мојот живот поубав“, рече Крауч.