ФУДБАЛ

Креаторот на еден од најмоќните тимови во светот доби понуда да создаде уште еден – се чека одговор

Крајот на минатата сезона го означи и крајот на една голема ера во Ливерпул.

По 10 години на „Енфилд“, спортскиот директор Мајкл Едвардс (42) го напушти клубот, а многумина тврдат дека тој заедно со Јирген Клоп бил одговорен за создавањето на моќниот Ливерпул во претходните години.

„Отсекогаш беше план да останам во клубот максимум 10 години. Сакав да работам овде, но навистина верувам во промени. Мислам дека дојде вистинското време за тоа. Сменивме многу работи во текот на минатото, но новите луѓе носат нови идеи и се надевам дека ќе изградат нешто ново“, изјави Едвардс по заминувањето од Ливерпул.

42-годишниот доби бројни понуди по заминувањето од клубот. Реал Мадрид и ПСЖ беа меѓу нив, но Едвардс ги одби бидејќи наводно сакал да се одмори од фудбалот.

Сепак, сега пристигна нова понуда. Скај Спорт тврди дека сега Челзи е подготвен да го ангажира откако Марина Грановскаја го напушти клубот.

Новиот сопственик на клубот Тод Боли сака да го направи Челзи спектакуларен тим. Некој му шепна дека Едвардс може да биде вистинскиот човек за таа работа и дека сините ќе одат да го земат овој фудбалски работник.

За време на неговиот престој на Енфилд, Едвардс направи неколку врвни потези, доведувајќи ги играчите како Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк, Алисон, Садио Мане и многу други.

Многумина го сметаат за најдобар фудбалски работник во светот и останува да се види дали Мајкл ќе ја прифати понудата од Стемфорд Бриџ.