На Кристал Палас лошо му оди оваа сезона. Се наоѓаат на 12 место во моментов во Премиер лигата, а по паузата во ова коло кое се игра викендов имаат дуел со лидерот Ливерпул.
Ефикасноста е главен проблем, а доволен показател за тоа е дека нивниот најдобар стрелец има само четири погодоци.
Спасот го гледаат во Габигол, или Габриел Барбоса, недокажан талент, барем не во Европа, а кој е во сопственост на Интер. Во моментов настапува како позајмен во Фламенго, каде игра како препороден. Во Интер не се покажа, ниту во Бенфика кога беше на позајмица, а очигледно дека бразилската лига му лежи.
Кристал Палас е подготвен да плати 23 милиони евра за Габигол и 4 милиони евра плата. Интер нема ништо против, но проблем може да прави Фламенго кој инсистира на откуп на договорот.
Габриел Барбоса (23 години)
2013-2016 – Сантош: 157 натпревари, 57 голови
2016-Интер: Десет меча, еден гол
2017-2018 – Бенфика (позајмица): Пет меча, еден гол
2018 – Сантош (позајмица): 42 меча, 19 голови
2019: Фламенго (позајмица): 37 меча, 29 голови