ФУДБАЛ

Кристијан Ериксен беше изнесен жив од стадионот!

Натпреварот помеѓу Данска и Финска во првото коло од групната фаза на Европското првенство беше прекинат на крајот од првиот дел.

Имено, во самиот финиш на првиот дел, Кристијан Ериксен се сруши на тревникот и веднаш стана јасно дека нешто не е во ред.

Соиграчите веднаш притрчале на помош и го повикале медицинскиот тим бидејќи се видело дека ситуацијата е сериозна.

Лекарите притрчале и сфатиле дека Ериксен е во бесознание, а на видеото се гледа како тој е реанимиран.

Останатите дански играчи стоеја околу него, така што камерите не можеа да снимат што се случува, а некои од нив плачеа бидејќи сфатија дека тој се бори за живот.

 

И финските играчи беа во шок, како и сите на стадионот во Копенхаген.

Судиите веднаш решија да го прекинат мечот, а лекарите го извадија Ериксен на носила и го криеја од камерите со чаршафи за да не го снимат данскиот репрезентативец.

Иако сè уште нема официјални информации за состојбата на Ериксен, на Твитер се појави фотографија која воодушеви многумина.

Имено, додека Ериксен беше изнесен од теренот, беше очигледно дека е жив и дека е свесен за најважната работа.

https://twitter.com/sporcope/status/1403762676405313545

Сигурно е дека тој итно ќе биде пренесен во болница, каде ќе бидат направени тестови за тоа што се случило и колку е сериозна ситуацијата.