ФУДБАЛ

Кристијан Ериксен избра нов клуб!

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се опоравува од срцев удар што го погоди на почетокот на Европското првенство.

Многу се пишуваше за Ериксен ова лето, за жал поради неговата тешка здравствена состојба, но за среќа тоа не заврши фатално.

Во првото коло против Финска, Ериксен пропадна на теренот, борбата за живот траеше околу десет минути, по што беше префрлен во болница. Кратко потоа, беше инсталиран дефибрилатор за регулирање на работата на срцето.

По неколкунеделна пауза, данскиот играч за врска се врати на клупските обврски, а неодамна пристигна на тренинг кампот Интер каде се сретна со управата на клубот и соиграчите.

Ериксен сега се лекува во неговиот Копенхаген под надзор на данските лекари, но и во контакт со неговиот клуб Интер. Станува јасно дека тој повеќе нема да игра во Италија поради прописите кои велат дека играчите со вграден дефибрилатор не можат да играат.

За разлика од Италија, ова е дозволено во Холандија и затоа Ериксен одлучи да се врати во Ајакс!

Новинарот Омар Хаваш објави дека Данецот може да се врати во Ајакс Амстердам, каде играше од 2010 до 2013 година.

“Извори блиски до Кристијан Ериксен потврдуваат дека играчот ги направил првите чекори кон враќање во поранешниот клуб. Неговото здравје е проверено од медицинскиот персонал на Ајакс, а зелено светло е дадено за трансферот”, напиша новинарот на Твитер.

Следниот чекор е договор помеѓу Ајакс и Интер, но засега нема детали. Инаку, Ериксен одигра 163 натпревари во дресот на Ајакс и постигна 32 гола со 65 асистенции.

Во 2013 година, тој се пресели во Тотенхем за околу 14 милиони евра, а играч со вграден дефибрилатор веќе игра во Ајакс. Тоа е Дејли Блинд.