Како што беше најавено последните денови, Данецот Кристијан Ериксен ќе остане во Интер.
Ериксен немаше најдобра сезона и беше на милост и немилост кај тренерот Антонио Конте по пристигнувањето од Тотенхем, па неодамна беше на чекор да замине.
Се веруваше дека Ериксен ќе го напушти Неразур до крајот на месецот, но во последно време тој се докажа, особено со погодокот против Милан за пласман во полуфиналето на Купот и Антонио Конте одлучи дека сепак му треба таков играч во потрага по насловот.
Тотенхем се обиде да го врати Ериксен, имаше и други клубови кои го посакуваа, но сега самиот играч е среќен во Милан и верува дека е најдобро за сите да останат барем до летото.