ФУДБАЛ

Кристијано Роналдо донира 1 милион евра за португалските болници

Кристијано Роландо како и на теренот, така и надвор од теренот покажува дека е неверојатен.

Напаѓачот на Јувентус, моментално е во карантин во Мадеира и реши да донира 1 милион евра за португалските болници.

Мал гест од некој кој заработува повеќе од 100 милиони евра годишно, но вреди многу и е голема помош во вакво време.

Роналдо и неговиот агент, Мендес, ќе финансираат три оддели за интензивна нега: два во болницата Санта Марија во Лисабон, која има 20 кревети, еден во болницата Санто Антонио во Порто со 15 кревети.

„Универзитетскиот болнички центар во Орто сака да им се заблагодари на Роналдо и Мендес за оваа многу вредна иницијатива во време кога земјата има потреба од сите“, рече Паоло Барбоса, претседател на управниот совет на болницата.