ФУДБАЛ

Кристијано Роналдо е виновен што Џеко не заврши во Јувентус

Кристијано Роналдо е главниот виновник што Един Џеко ова лето не заврши во дресот на Јувентус.

Џеко ја напушти Рома по шест години и кариерата ја продолжи во актуелниот шампион Интер, каде пристигна како замена за Ромелу Лукаку.

Сепак, лесно можеше да се случи летово Един да заврши во редовите на најголемиот италијански клуб Јувентус. Виновникот што не потпиша за „бјанконерите“ е никој друг освен Кристијано Роналдо.

Ил Жорнале тврди дека тренерот на Старата дама сакал да го ангажира Џеко во летниот преоден рок. Сепак, тој се откажа од тоа бидејќи мислеше дека Роналдо ќе остане во неговиот тим.

Кристијано молчеше за заминување до крајот на преодниот рок. Неговата одлука се случи одеднаш и на Јувентус му остана малку време да најде замена.

Џеко, се разбира, беше недостапен затоа што неколку дена претходно го засили Интер, во чии редови веќе одигра два натпревари.

Јувентус на крајот го доведе Мојз Кин од Евертон како замена за Роналдо. Се обидоа и да го ангажираат аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, но раководството на Старата дама не ги следеше добро желбите на Алегри и тренерот на Јувентус е многу незадоволен од трансфер периодот.

Пред Кин, Јувентус го ангажираше и репрезентативецот на Италија, Мануел Локатели.

Јуве освои само еден бод на два натпревари во новата сезона, а одиграа натпревари против Удинезе (2:2) и Емполи (0:1).