ФУДБАЛ

Кристијано Роналдо ги откри своите планови и ги шокираше сите

Кристијано Роналдо, иако веќе блиску до четириесеттите, сепак е еден од најдобрите фудбалери во светот.

 

37-годишниот фудбалер оваа сезона се најде во проблем бидејќи тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг реши да го исфрли од стартниот тим. Така Роналдо го следеше најголемиот дел од сезоната во досегашниот тек од трибините.

 

Португалецот сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед во последниот преоден рок, но не успеа во тоа, па многу доцна се приклучи на подготовките на својот тим.

Токму ова е една од причините поради која се најде на ударот во првото коло против Брајтон, но и кога влезе во игра не беше доволно подготвен да донесе предност и пресврт на својот тим.

 

Следната недела доби шанса од првата минута на гостувањето кај Брентфорд, каде беше понижен неговиот тим, претрпе тежок пораз од дури 4:0.

 

После тоа Роналдо не доби шанса да го започне натпреварот во првиот состав, туку седна на клупата за резерви, а неговиот тим оствари серија од четири победи.

Минатата недела Кристијано Роналдо успеа да го постигне својот прв гол сезонава во победата на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Шериф во Лига Европа.

 

Човекот кој пет пати ја освои „Златната топка“ јасно изјави дека сака да игра до четириесет години и дека сака да биде дел од португалската репрезентација.

 

„Моето патешествие во репрезентацијата не е завршено. Имаме многу квалитетни млади фудбалери, но ќе бидам на Мундијалот и сакам да бидам и на ЕП“, изјави Роналдо.

 

Тој не ги криеше амбициите да ја води својата репрезентација на следното Европско првенство кога ќе има 39 години.

 

Се чувствувам мотивиран, сакам да бидам дел од сето ова уште неколку години“, јасен беше на крајот Кристијано Роналдо.

 

ПОВРЗАНО

Лига Европа