ФУДБАЛ

Кристијано Роналдо ги поместува границите

Кристијано Роналдо ги помести сите граници.

Така, тој сега стана првиот фудбалер што заработи милијарда евра. Роналдо оваа година инкасира 110 милиони, дваесет помалку од Лионел Меси, но сепак е пред него.

Кога ќе се пресметаат сите приходи, Роналдо ја скрши магичната линија и во моментов е најпопуларниот спортист во светот.

Тој сега е единствениот фудбалер кој заработил повеќе од милијарда евра.

Единствените двајца спортисти кои успеале во тоа досега се Тајгер Вудс и Флојд Мејведер.

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер е на добар пат да ја помине таа бројка.

Роналдо во моментов е член на Јувентус, но се појавија шпекулации дека може да ја напушти „Старата дама“ заради кризата во светот на фудбалот.

Заедно со своите соиграчи тој веќе се согласи да се откаже од четиримесечна плата.