ФУДБАЛ

Кристијано Роналдо ќе го пропушти мечот со Беневенто

Беневенто и Јувентус ќе се сретнат утре од 18 часот во натпреварот од 9-то коло на италијанската Серија А.

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, реши да го одмори Кристијано Роналдо, па Португалецот нема да патува за Беневенто.

Сепак добрата вест за Пирло е враќањето на стоперот Леонардо Бонучи, додека Бразилецот Данило исто така може да добие пауза. Џорџо Киелини и Мерих Демирал се уште се „надвор“.

Наместо Роналдо во нападот, треба да добијат можност Пауло Дибала или Дејан Кулушевски. Еден од двајцата ќе биде во тандем со Алваро Мората.

ПОВРЗАНО

Серија А