Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп организираше свечена вечера за саудискиот принц Мохамед бин Салман во Белата куќа, а меѓу поканетите се најде и Кристијано Роналдо.
Роналдо се појави со Георгина на вечерата на која, меѓу другите, присуствуваа и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, како и угледните бизнисмени Илон Маск, Тим Кук, Мајкл Дел, Чак Робинс, Јенсен Хуанг, Тарек Амин, Лиса Су, Мајк Вирт, Дејвид Елисон и многу други.
Трамп на почетокот од говорот му се заблагодари на Салман за доаѓањето во Белата куќа, а потоа веднаш зборуваше за Роналдо.
„Мојот син е голем обожавател на Роналдо. Роналдо е тука и мислам дека мојот син повеќе го почитува татка си сега кога ги запознав. Роналдо, ти благодарам што си овде, голема ни е чест“, изјави Трамп.
