Фудбалерите на Јувентус го совладаа СПАЛ со 2:0 во своето шесто коло од Серија А кое се играше во сабота.
Старата дама дојде до нова победа со головите на Миралем Пјаниќ и Кристијано Роналдо и во добро расположение пречекуваат големо дерби против Интер, кој во моментов е лидер во Серија А.
Од првата минута на овој натпревар доби шанса и Пауло Дибала, кој не играше доста во Јувентус во претходната година. Но, Маурицио Сари се чини дека му верува повеќе повеќе од Масимилијано Алегри, што секако му е угодно на Аргентинецот.
Италијанските медиуми неодамна пишуваа дека Дибала не е во најдобри односи со Роналдо, но дуелот го негираше тоа. Дибала беше асистент на голот на Роналдо, а Португалецот направи одличен потег по мечот.
„La Gazzetta dello Sport“ објави дека Роналдо му пристапил на Дибали и му рекол дека одиграл многу добар натпревар и му се заблагодари за соработката. Тоа сигурно ќе значи многу за Аргентинецот за самодоверба, а Роналдо и Дибала би можеле да станат смртоносен тандем за Јувентус доколку продолжат вака.