ФУДБАЛ

Кристијано Роналдо негативен на тестот за КОВИД-19

Кристијано Роналдо е негативен на коронавирусот.

Sвездата на Јувентус е во изолација 18 дена, имаше два позитивни теста, но денес конечно беше негативно тестиран.

Ова значи дека Роналдо ќе може да му се придружи на остатокот од тимот пред следните активности. Сигурно едвај го чекаше ова, а навивачите едвај чекаа да игра повторно.

Португалецот беше жесток во критиките за тестовите, но сега може да биде многу среќен.