Славниот Португалец Кристијано Роналдо сака да го заврши реновирањето на куќата во главниот град на Португалија пред летото 2023 година.
Како што објавија некои медиуми во Португалија и Англија, фудбалерот на Манчестер Јунајтед ја забрзал изградбата на својот дом во Лисабон.
Кристијано Роналдо побарал од архитектот да го забрза темпото на градба за неговата раскошна вила да биде завршена до летото 2023 година. Зградата сместена во елитниот дел на градот ќе стане најскапата недвижност во Португалија. Познатиот фудбалер претходно купи куќа за 20 милиони евра, но сега сака целосно да ја прилагоди на своите потреби.
Според медиумите, сопругата на Роналдо, Георгина Родригез почнала да бара соодветно училиште за нивните пет деца.
Познато е дека договорот на Кристијано Роналдо со Манчестер Јунајтед истекува во летото 2023. Претходно беше објавено дека 37-годишниот ветеран би можел да се врати во Спортинг Лисабон, каде ја започна својата професионална кариера во септември 2002 година.
„Сите во Спортинг сонуваат Кристијано да се врати во нашиот клуб, но сите знаат дека немаме пари за неговата голема плата“, одговори неодамна тренерот на Спортинг, Рубен Аморин на прашањето на новинарите колку е реално славниот Португалец да се врати во овој клуб.
🗣 "Everybody in Sporting dreams of a return of Cristiano, but we don't have the money to pay his wages."
Ruben Amorim rules out any dreams of Sporting Lisbon buying Cristiano Ronaldo pic.twitter.com/ejVxbQkmAH
— Football Daily (@footballdaily) October 26, 2022