ФУДБАЛ

Кристијано се враќа во Реал?

Легендарниот Португалец Кристијано Роналдо речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Ал Наср од Саудиска Арабија, а со него во Азија нема да патува неговиот син Кристијано Жуниор.

Причината е враќањето на помладиот Кристијан во фудбалската академија на Реал Мадрид, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Досега, синот на Роналдо го следеше својот татко и играше за помладите категории Реал, Јувентус и Манчестер Јунајтед, но 12-годишното момче сега е блиску до одлука да се врати во Мадрид, наместо во Ријад.

Кристијано Јуниор има 12 години, а фудбалските стручњаци веруваат дека поседува огромен талент.