ТАЈМАУТ

Кристијано со часовник од 450.000 долари

Фото: Soccer Football - Al Nassr unveil new signing Cristiano Ronaldo - Mrsool Park, Riyadh, Saudi Arabia - January 3, 2023 New Al Nassr signing Cristiano Ronaldo during the press conference REUTERS/Ahmed Yosri

Кристијано Роналдо го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот и за неговиот трансфер на „Ал-Насер“ ќе се зборува уште долго.

Еден „мал“ детал за време на неговата конференција во Ријад остави впечаток на повнимателните. Португалецот носел посебен часовник – Rolex Xosmograph Daytona Arabic, кој го поседуваат само малкумина среќници.

Овој „ѕвер“ е направен од платина и има дијаманти на него.

Скапоцениот камен се продава на одредени луѓе и во одредени продавници на Блискиот Исток и е еден од најретките часовници „Daytona Platinium“ некогаш направени.

Пазарната вредност на овој часовник достигнува и до 450.000 долари.

Секако, ова е вистинска ситница за Роналдо,  кој оваа сума ја заработува за неполни 24 часа од договорот во Саудиска Арабија…