ФУДБАЛ

Криза на „Енфилд“: Изјавата на Клоп ги загрижува навивачите на Ливерпул

Летово се пишуваше многу за засилувањата на Ливерпул, а сега Јирген Клоп малку ги загрижи навивачите.

Во изјава за островските медиуми, Клоп истакна дека тимот нема да брза со засилувања и дека многу фактори ќе бидат во игра.

“Работата ќе зависи од тоа дали некој од играчите ќе си замине. Ние нема да брзаме. Рано е да се зборува за овие работи”, рече Клоп.

Некои медиуми во Англија пишуваат дека Ливерпул е финансиски потресен, особено по приказните за Суперлигата и дека ситуацијата на „Енфилд“ не е баш чудесна.

Клубот чека да види што ќе се случи со Мохамед Салах, кој е мета на Челзи и ПСЖ, а Египќанецот би можел убаво да ја наполни касата на Ливерпул. Се зборуваше за заминување на уште неколку фудбалери.

На Ливерпул му требаат промени, а покрај овие изјави на Клоп, „нервоза“ за навивачите создава и фактот дека навивачите на Ливерпул се уште немаат обезбедено место во Лигата на шампионите следната сезона.

Доколку Ливерпул не игра во Лигата на шампионите, тоа може да биде дополнителен проблем кога станува збор за летниот шопинг.

Да потсетиме, некои од имињата кои се повеќе се поврзуваат со Ливерпул се Патрик Бамфорд и Санчо, беше напишано за Патсон Дака, додека трансферот на Ибрахим Конате од РБ Лајпциг веќе е договорен.